- УЛ. КОСТУРСКИ ХЕРОИ БР. 62, Скопје
- 023246899
- office@esi.mk
- https://www.esi.mk/
- https://www.facebook.com/ESIvrabotuvanje
- Регион: Регион 1
- Дејности: ДЕЛОВНИ И СЕРВИСНИ УСЛУГИ,DELOVNI I SERVISNI USLUGI,
Присутни сме на пазарот од Мај 2007 година со својата централа во Скопје.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење со човечките ресурси, преку кои компаниите ќе добијат максимум резултати со минимум инвестиција.
Нудиме широка палета на услуги од областа на човечките ресурси, со главен фокус на посредување при вработување и времени вработувања. Покрај двете примарни услуги, нудиме и дополнителна поддршка на компаниите и во останатите сегменти на раководењето со човечкиот капитал.
Времено вработување
Со оваа услуга ви овозможуваме да ангажирате работници само во периодите кога вашата компанија има потреба: зголемен обем на работа, сезонски работи, пробен период на вработување и слично. Привремено вработените лица потпишуваат договор со ЕСИ агенцијата за вработување, а се отстапуваат на вас како работодавач – корисник.
Посредување при вработување
Оваа услуга се нуди на компании кои во моментот немаат доволно време или ресурси самостојно да го спроведат процесот на регрутирање и селекција на кандидати за идно вработување. Во склад со вашите барања како клиенти, можеме да ја спроведеме целата процедура или само дел од активностите наведени во процедурата.
Консултантство во МЧР
Со исцрпното искуство и тимот на професионалци со кои располага ЕСИ, ви нудиме и консултантски услуги во областа на менаџирањето со човечките ресурси. Услугите се скроени на вашите потреби и приоритети и имаат за цел да ве поддржат во справување со предизвиците во менаџирањето на најефикасен и најефективен начин.
Процена и развој на кадар
Оваа услуга ви овозможува да ги согледате потенцијалите на секој од вработените и истиот максимално да го искористите за развој на вашиот бизнис. Процената на капацитетите на вработените ја вршиме преку алатки за психолошка процена, процена на специфични меки вештини и процена на однесувањето.
Тим менаџмент
Тимската работа е клучна за профитот на секој бизнис, но истата не е лесно да се креира и одржи. Со оглед на комплексноста на овој процес, услугите за тим менаџмент ви нудат поддршка во областа на:
– Градење на тимови
– Развој на тимови
– Водење на тимови
Услугата се состои од обуки и искуства кои имаат цел да ги зголемат перформансите во наведените области.