„СБДМК“


Ние веруваме дека безбедноста, ефикасноста и поддршката се број 1 приоритети за основање на стабилна и долгорочна партнерска релација со нашите клиенти. Кога ја споменуваме безбедноста, мислиме на производи кои ги исполнуваат сите светски стандарди и норми за работа и функционирање во секакви околности. Ефикасноста за нас значи производ кој со своите перформанси и предности ќе ја олесни вашата работа и ќе придонесе до побрзо завршени проекти и задоволни клиенти. Поддршката значи дека сме тука за вас не само кога ви е потребен алат, туку кога ви е потребно решение за моментално настанатиот проблем, без разлика на вашата локација. Ние сме тука за сите занаетчии, мајстори, хоби ентузијасти, за сите работници и креатори на денешницата, ние сме тука за тие што создаваат.

StanleyBlackandDecker Македонија, својата приказна ја започнува во далечната 1997 година како претставништво за познатите брендови Black&Decker и DeWALT преку Словенечката компанија Г-М&М. Патем, истата компанијата ја добива ексклузивата за овие брендови за целокупниот бившо Југословенски пазар. Интерсен е фактот што токму Г-М&М е првата странска инвестиција на територијата на тогашна Југославија и тоа токму со нашите брендови за алат. Денес СБДМК со своите брендови DeWALT, Stanley, Stanley FATMAX, Black+Decker и Irwin е присутна во сите градови низ државата. Нудиме електричен и рачен алат, системи за складирање, прибор и додатоци и резервни делови за сите наши производи. Ние сме дел од StanleyBlackandDecker групацијата која е лидер во продажба и иновации во светот на електричните алати.

sbdmkkolortri