„СИЛК СОЛУШН“


СИЛК СОЛУШН ДООЕЛ Скопје е водечка компанија за дистрибуција и продажба на професионална козметика за коса, како и опрема за фризерски салони во Македонија.
Од самиот почеток и нејзиното основање во 2011 година, се стремиме кон една и единствена цел – задоволен клиент.
На самите почетоци, соработката ја започнавме со професионалниот италијански бренд за козметика за коса Inebrya. Самото име Inebrya потекнува од глаголот „inebriare“, што значи воодушевување, восхитување, енергичност. Инспирацијата ја раѓа филозофијата на брендот, создаден во Италија во 1999 година, со цел да ги задоволи потребите на професионалците за нега на коса ширум светот.
Еволуцијата на Inebrya го направи брендот меѓународна референтна точка во професионалниот свет за нега на коса кој е дистрибуиран во повеќе од 60 земји во светот. Има уникатен и непогрешлив стил Made-in- Italy, фокусиран на детали, квалитет и мода, со цел да остави свој белег низ целиот свет.
Заедно со нашиот тим, ја споделуваме и ја шириме филозофијата на Inebrya за да допре до сите професионалци со кои соработуваме, но и да ги зајакне и да ги поддржи во реализацијата на нивните креации со нивните вешти раце.
Подоцна асортиманот го проширивме со уште еден добро познат италијански бренд за професионална козметика за коса Alter Ego Italy.
Филозофијата на Alter Ego е две души, една страст, резултира со убавина.
Историјата на Alter Ego е приказна за едно семејство, за страст и за целосно италијанска мисија, создадена од љубов кон детали, важни суровини и високи стандарди за квалитет од 1988 година. Alter Ego е бренд кој отсекогаш се идентификува со современа жена, која сака да биде убава и софистицирана, но истовремено сака да ја изрази и својата индивидуалност.
Производи се дизајнирани да понудат беспрекорни резултати за да им помагнат на нашите професионалци да го вметнат својот скапоцен креативен придонес во работата, нудејќи иновативни производи со високи перформанси.
Со производите на Inebrya и Alter Ego ја почитуваме и животната средина.
Скоро сите пакувања се направени од рециклирана пластика и хартија.
Започнавме со малку клиенти и неколку вработени, а сега сме многу, не само по број туку и по посветеност и креативност. Оваа заслуга и постигнат успех се плод на наѓиот заеднички труд и затоа од се срце Ви благодариме на довербата.
Silk Solution kolor 2018